Бугарската влада бара гасот да потече по „Јужен поток“ до декември 2015 година

Од:

Ќе ги надминеме задоцнувањата во подготовката за изградба на гасоводот „Јужен поток“ на територијата на Бугарија и до крајот на годината треба да имаме одобрен Детален градежен план, ОВОС и Технички проект за трасата, изјави денеска министерот за економија и енергетика Драгомир Стојнев, пренесе БТА.

– Преку гасоводот природниот гас кај нас треба да дојде до декември 2015 година, изјави министерот.

Премиерот Пламен Орешарски и министерот Драгомир Стојнев денеска во Министерскиот совет се сретнаа со претседателот на Управниот совет на „Газпром“ ,Алексеј Милер.

Во преговорите за изградба на гасоводот владата го штити националниот интерес и затоа половина од уделот во проектната компанија е на Бугарија, подвлече министерот Стојнев.

Тој подвлече дека за проектот нема државни гаранции и нема да се трошат парите на даночните обврзници.

– Со изградбата на трасата за „Јужен поток“ ќе постигнеме диверсификација на трасата за испорака на синото гориво и ќе обезбедиме десетици илјади работни места, додаде Стојнев.

Русија е подготвена да ја финансира изградбата на целиот гасовод на бугарска територија и за таа цел се обезбедени 3.1 милијарда евра.

Бугарија нема да плаќа за изградба на гасоводот, бидејќи таа својот удел ќе го плати со идните транзитни такси за гас.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори