Бугарската телеграфска агенција предлага балканските агенции да формираат „Балканска соба за вести“

Од:

Создавање на „Балканска соба за вести“ („Balkan News Room”), како заедничко место за вести од балканските земји, предложи генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА), Кирил Валчев на 29-то Генерално собрание на Асоцијацијата на балканските новински агенции – Југоисточна Европа (АБНА-СЕ), кое оваа година се одржува во главниот град на Косово, Приштина и чиј домаќин е новинската агенција „Косова Прес“.

Валчев предложи новинските агенции од 12-те балкански земји – членки на АБНА-СЕ секој ден да си ги разменуваат најважните вести од нивните земји, за да бидат пренесени од другите агенции. Тој како пример ја посочи добрата практика на соработка помеѓу БТА и МИА , кои врз основа на договор од мај оваа година секојдневно разменуваат важни вести од нивните земји, воедно обезбедуваат и целосен пристап до своите сервиси.

– Агенциите од Балканот треба уште посистематски да обезбедат размена на информации од нашите земји, играјќи ја улогата на „уредници“ кои меѓусебно си помагаат да се движат низ океанот на вести, бидејќи новинските агенции се извор на вистински вести, рече Валчев.

Според него, соодветно место за „Balkan News Room” може да биде обновената веб-страница на АБНА-СЕ.

Тој предложи Бугарија да биде домаќин на следното јубилејно 30. Генерално собрание на АБНА-СЕ, кое ќе се одржи в пресрет на 125-годишнината од формирањето на БТА и ќе биде посветено во сеќавање на претходниот директор на бугарската агенција Максим Минчев. Одлуката за тоа кој ќе биде домаќин на следното Генерално собрание ќе биде донесена утре .

На собирот во Приштина, на кој главна тема е „Медиумите и новинските агенции во пост-ковид периодот“, учествуваат претставници на 12 држави, меѓу кои и директорот на МИА, Драган Антоновски, и заменик-директорот Халит Ајдини.

Учесниците на конференцијата ќе дискутираат за пандемијата и за нејзиното влијание врз работата на мас медиумите.

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета