Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Од:

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас, од 7 до 9 април ќе биде во прва посета на Западен Балкан, во која ќе бидат Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.

Во Црна Гора, Калас ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ, соопштија од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Најавена е и средба со претставници на граѓански организации и учество во проверка на опремата финансирана од Европскиот мировен инструмент заедно со министерот за одбрана на Црна Гора Драган Краповиќ.

Калас во Албанија ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рам, со кои ќе има и заедничка прес-конференција.

Високата претставничка Калас ќе се сретне и со министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани и министерот за одбрана Пир Венгу, со кои официјално ќе го отвори првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Албанија.

Калас ќе присуствува и на потпишувањето на договорот за грантови и заеми од Европската инвестициска банка за развој на пругата Драч-Рогожина.

Калас ќе им се обрати и на студентите и на претставниците на граѓанското општество во Албанија.

Во Босна и Херцеговина, Калас ќе ги посети членовите на ЕУФОР Алтеа и ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

ЕУ го подготвува најголем удар против Русија од почетокот на војната

Христофору до Калас: „Русија напредува, а вие живеете во заблуда“

Калас: Украинските напади создаваат паника кај Русите

А1он

Калас: Амбасадите на ЕУ остануваат во Киев, само САД си заминаа