ЕУ го подготвува најголем удар против Русија од почетокот на војната

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека Брисел подготвува нов пакет санкции против Русија и рече дека сојузниците на Кремљ можат да сметаат на тоа.

– Јули беше најсмртоносниот месец за украинските цивили. Русија не победува на бојното поле и затоа сè повеќе насочува ракети кон украинските цивили и инфраструктура. Ова е систематски терор. Русија сака да ги направи украинските градови непогодни за живеење, рече Калас, објави германскиот весник „Велт“.

Таа ја осуди Русија за напад на бродови натоварени со жито во Црното Море и со тоа загрозување на глобалните залихи на храна.

Таа оцени дека Русија ги почувствувала санкциите на ЕУ кои веќе ја чинеа руската воена машина повеќе од милијарда евра и најави нови санкции.

– На есен ќе предложам најсеопфатен список на санкции од почетокот на војната. Доколку се усвои, бројот на санкционирани руски поединци, компании и организации веднаш ќе се зголеми за една третина. Притисокот мора да се засили сè додека Русија не ја заврши војната, рече Калас.

Би можело да ве интересира

Русите нападнаа деловни згради во Украина, има загинати

Горан Наумовски

Меланија Трамп: Продолжувам да работам на повторното обединување на семејствата од Русија и Украина

Рим категорично ја демантираше изјавата на Зеленски: „Тоа не е вистина“

Русија испрати „чудовиште“: Дронот „Изделие К5“ првпат снимен на фронтот

Песков: Русија нема да реагира на ултиматуми, туку ќе ги штити своите интереси

Олејник: Зеленски од почетокот на војната во 2022 година помина само 40 отсто од работното време во Украина