Калас го критикува олеснувањето санкции: Трамп и Путин се договорија за дизелот, ЕУ подготвува напад врз Москва

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека повеќе од 80 украински цивили загинаa во руски напади во текот на два дена и дека суспензијата на санкциите за рускиот дизел ѝ носи на Москва дополнителни приходи за војната.

Таа на платформата „Икс“ напиша дека Москва ги интензивира хибридните напади врз Европа, како врз земјите-членки на ЕУ, така и врз сојузниците во НАТО.

„Суспензијата на санкциите за рускиот дизел ѝ носи на Москва дополнителни приходи за водење на војната. Ова не е момент за олеснување на притисокот врз Русија и Европа нема да го стори тоа“, истакна Калас.

Таа додаде дека министрите за надворешни работи на ЕУ имаат намера во понеделник да го одобрат најголемиот пакет санкции од почетокот на војната, насочен кон актери поврзани со руската воена машина.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, вчера постигнаа договор за испорака на неколку милиони тони дизел-гориво од Русија на американскиот и светскиот пазар, за што Трамп процени дека ќе доведе до брз и значителен пад на цената на тој енергенс.

Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ изјави дека Русија веднаш ќе испорача повеќе од 300.000 тони дизел, уште 500.000 тони во текот на ноември, а потоа и еден милион тони во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

ЕУ го подготвува најголем удар против Русија од почетокот на војната

Христофору до Калас: „Русија напредува, а вие живеете во заблуда“

Калас: Украинските напади создаваат паника кај Русите

А1он

Калас: Амбасадите на ЕУ остануваат во Киев, само САД си заминаа