Бугарската полиција пресече канал за трговија со луѓе

Од:

Припадници на бугарската полиција и на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) пресекоа „уникатен канал“ за трговија на луѓе преку аеродромот во Софија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Како што јави БТА, операцијата е спроведена по истрага на ДАНС започната во април годинава, врз основа на добиени сознанија за илегална трговија на луѓе.

– Во оваа акција првпат е пресечена илегалана трговија на луѓе преку аеродромот во Софија, изјави специјалниот обвинител Иван Гешев, додавајќи дека при акцијата се приведени петмина вработени во граничната полиција и четворица странци.

Гешев нагласи дека засега не се покренати никакви обвиненија, но очекува до крајот на денот да се знае колку лица ќе заработат обвинитрелни акти.

– Организатори на каналот се двајца државјани на Бангладеш, од кои едниот има дозвола за постојан престој (во Бугарија), а вториот има статус на хуманитарно згрижено лице, додаде Гешев.

Според истрагата, лицата вклучени во каналот изработувале фалсификувани лични карти и студентски исправи, со кои илегално превезувале мигранти преку софискиот аеродром. За секој илегален пренос на мигрант тие наплаќаче од пет до десет илјади евра.

Во мрежата биле вклучени и гранични полицајци кои ги информирале организаторите на каналот за точното време на полетување на авионите во аеродромот и без проблеми ги пропуштале мигрантите со лажни документи за идентификација.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори