Бугарија забрани прелет на руски авиони кон Сирија

Од:

Бугарија нема да дозволи руски авиони да го користат нејзиниот воздушен простор за транспорт на помош за Сирија. -Бугарското министерство за надворешни работи го одби барањето на Русија нивните авиони да прелетуваат на пат кон Сирија, рече портпаролот на бугарското министерство за надворешни работи.

Ова значи дека руските авиони сепак ќе го користат иранскиот воздушен простор за да стигнат до Сирија. Претходно од грчката влада соопштија дека го одбиле барањето на САД да им забранат на Русите прелет преку грчка територија.

-Користењето на грчкиот воздушен простор за рускиот транспорт кон Сирија повеќе не е проблем, рече портпаролот на грчката влада.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија