Бугарија утврди проекти за прекугранична соработка со Македонија, Србија и Турција

Од:

Работните групи ги одобрија последните верзии од програмите за прекугранична соработка на Бугарија со Македонија, Србија и Турција за периодот 2014-2020 година, соопшти денеска прес-центарот на бугарското Министерство за регионален развој.

Како што јави БТА, проектите ќе бидат поднесени на одобрување пред Европската комисија пред крајниот рок 22 септември и со добиена позитивна оценка првите покани за учество во проектите ќе можат да бидат отворени веќе следната пролет.

Во следниот период проектите за трите трансгранични програми ќе бидат финансирани со над 83 милиони евра, средствата кој се додлеуваат преку Инструментот за претпристапна помош и се кофинансирани од националните буџети на земјите-партнери, се наведува во соопштнието.

Програмата за регионална соработка меѓу Бугарија и Македонија ќе биде поддржана со буџет од 19,5 милиони евра, а во неа од бугарска страна се вклучени областите Благоевград и Ќустендил.

Вкупниот буџет за билатералните проекти меѓу Бугарија И Србија ќе изнесува над 34 милиони евра, а од нив над 28 милиони евра ќе бидат неповратна финансиска помош од ЕУ. Приближно 30 милиони евра пак ќе бидат средствата за Програмата за трансгранична соработка „Бугарија-Турција“.

Утре треба да биде одбрена и финалната верзија на Програмата за регионална соработка меѓу Бугарија и Грција за периодот 2014-2020.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори