Бугарија уште еднаш критикувана од ЕКРИ за односот кон Македонците

Од:

Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста или скратено ЕКРИм независен орган на Советот на Европа во најновиот извештај за Бугарија од петтиот круг на евалуација, уште еднаш го посочува нессодветното однесување кон Македонците кои живеат во Бугарија, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

Во претходниот извештај ЕКРИ живо им препорача на бугасрките власти да се осигураат дека законодавството против предизвикувањето на расна омраза се спроведува за секој политичар кој држи говор на омраза или ксенофобија. ЕКРИ сега повторно забележува дека говорот на омраза и нетрпеливост претставува „серизоен проблем во политичките дискуии во Бугарија и притоа ситуацијата се влошува“.

– Главна цел на говорот на омраза во Бугарија се Ромите, муслиманите, евреите, Турците и Македонците, нагласува ЕКРИ.

Во извештајот меѓу другото се забележува дека во Бугарија оперираат повеќе мали политички партии и ултранационалистички или фашистички групи, како НСФБ, ВМРО-БНД или БНУ. Според ЕКРИ ВМРО-БНД ја бие глас дека систематски повикува на омраза кон соседното население на Балканот и дека шири антициганска пропаганда. Од бугасрките власти се бара поголема контрола на овие партии и групи.

ЕКРИ во извештајот исто така забележува дека кај Македонците и Помаците постои чувство на длабока непријатност, бидејќи тие не се признати од бугарската држава како етничко малцинство. Македонците и Помаците се единствените малцинства кои не се наоѓаат во Националниот совет за соработка и интеграција во однос на етничките прашања, советодавен орган на бугарската влада. Ова прашање со Македонците во Бугарија се обработува и од Советодавниот орга на Рамковната конвенција за заштиата на националните малцинства, чиј трет извештај во моментов се усвојува.

Во извештајот на ЕКРИ уште еднаш е нагласено дека Бугарија не ги признава Македонците како национално малцинство.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори