Бугарија: Се опивале со течност за перење шофершајбни

Од:

 Бугарски лекари се борат за животи на шест млади момчиња и девојки кои на забава во селото Падеш близу Благоевград конзумирале течност за перење шофершајбни, мислејќи дека пијат домашна ракија.

Според лекарите, нивната здравствена состојба е многу тешка и животите им се во опасност.

Групата млади лица испиле три литри течност за шофершајбни која ја мешале со сок од јагоди. Забавата била во понеделникот, но младите луѓе побарале помош синоќа кога почувствувале мачнини, вртоглавица и паднале во кома. Оштетени им се функциите на мозокот, бубрезите и други витални органи.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори