Бугарија пред предвремени парламентарни избори

Од:

Бугарската конзервативна коалиција Реформски блок (РБ) денеска соопшти дека не успеала да обезбеди мнозинство во Парламентот за формирање нова Влада, по што утре на шефот на државата Росен Плевнелиев ќе му го врати доделениот мандат.

Со ова, согласно бугарските закони, ќе претстои распуштање на актуелното Народно собрание и ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.

Еден од лидерите на РБ, Румен Христов изјави дека преговорите на Блокот со партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на актуелниот премиер Бојко Борисов и со коалицијата Патриотски фронт не резултирале со договор за формирање нова Влада.

– Интензиво работевме (на договори) од петокот, но во крајна линија се појавија некои политики што не можам да ги разберам. Се покажа дека доминантно расположение беше да се одржат предвремни парламентарни избори, изјави Христов.

Во врска со одлуката на РБ да го врати добиениот мандат за фромирање нова влада се огласи и координаторот на Пратеничката група на ГЕРБ, Цветан Цветанов, кој нагласи дека во сегашниот состав на Парламентот нема услови за формирање ново парламентарно мнозинство.

– Не сме во состојба да дојдеме до принципиелен договор за некои секторски политики и да продолжиме да управуваме со сегашното парламентарно мнозинство, рече Цветанов.

Како што јави БТА, на преговорите меѓу тимови на ГЕРБ, РБ и ПФ им се приклучил и лидерот на партијата Атака, Волен Сидеров, но сепак не бил постигнат договор за обезбедување ново парламентарно мнозинство.

Пред РБ, мандат за формирање на влада добија и ГЕРБ и опозициската Бугарска социјалистичка партија. Согласно законите, по трите неуспешни обиди за формирање нова влада ќе следи распуштање на Парламентот, формирање техничка влада и оджрување предвремени избори. Се очекува изборите да се одржат кон крајот на март или почетокот на април.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори