Бугарија: Победа на Бојко Борисов, но без мнозинство

Од:

Партијата на Бојко Борисов, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) победи на парламентарните избори, но не успеа да го освои потребното мнозинство. За ГЕРБ гласаа околу 33 проценти од граѓаните, покажаа првичните резултати на Агенцијата „Галуп“, додека Социјалистичката партија освои околу 16 проценти од гласовите.

Бугарите гласаа за 240 пратеници за новиот состав на парлемантот од 6063 кандидати, односно од 56 политички партии.

Ова ќе биде петтата бугарска влада во последните две години, откако земјата се соочи со масовни протести и со незадоволство.

Одзивот на гласачите, поради присутното незадоволство е најмало за последните 25 години, откако падна комунистикиот режим.

Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов, рече дека ова е „последната шанса“ за спас на Бугарија и предупреди доколку новата влада не биде формирана и повторно бидат распишани избори, не постои ништо што ќе ја одржи земјата.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори