Бугарија останува без електро и машински инженери

Од:

Во последниве неколку години техничките универзитети во Бугарија бележат тенденција на се помал интерес за студии по машинство, термоенергетика и електротехника, јави БТА.

Според експертите, ваквата појава ја соочува Бугарија со реална опасност во следните неколку години да остане без електро и машински инжинери и компаниите да немаат доволно кадри за работа.

Проректорот на Техничкиот универзитет во Варна, Марија Маринова смета дека и во моментов во Бугарија е тешко да се најдат способни инженери, нагласувајќи дека за обуката на стручен кадар потребни се време и пари.

– Еден инеженр се создава со години, а прв и најважен услов за успех е младиот човек да ја засака професијата уште пред да седне во студентските клупи, додава Маринова.

Таа наведува дека 15 отсто од матурантите секоја година не го продолжуваат школувањето, а 15 до 20 проценти заминуваат на студирање во странство, со што, според неа, бугарските универзитети „стартуваат со минус 30 отсто“.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори