Бугарија одвои 40 милиони евра за развој на руралните региони

Од:

Бугарската министерка за земјоделство и храна Десислава Танева денеска врачи нови решенија за доделување финансиска помош за развој на руралните региони во земјата, во вкупна вредност од речиси 40 милиони евра.

Како што јави БТА, на церемонијата во бугарската Вкада, на која присуствуваше и премиерот Бојко Борисов, Танева врачи 21 решение за спроведување на проекти во рамки на Програмата за развој на руралните регион (2014-2020).

Средставта доделени од оваа Програма ќе бидат наменети за инвестиции во локалната инфрастуктура, за помош на малите претпријатија, за развој на туризмот, како и за заштита на културното наследство.

Денеска доделените решенија за помош се однесуваат на реони кои опфаќаат 35 општини во Бугарија со вкупно речиси 500.000 жители.

Танева најави и дека во февруари и март следната година Министерството ќе прима нови предлози за микрофинансирање на проекти во руралните подрачја.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори