Бугарија ја поздрави безусловната препорака за Македонија

Од:

Бугарија како актуелен претседавач со ЕУ ја поздрави безусловната препорака за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата.

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека тоа е во рамки на напорите на Софија за евроинтеграција на државите од Западен Балкан.

– Особено сме задоволни од препораките на ЕК да почнат преговорите за пристапување на Македонија и на Албанија во ЕУ. Премиерот Бојко Борисов, Владата и дипломатската служба на Бугарија, работеа на тоа во изминатите месеци, се вели во соопштението од бугарското МНР.

Официјална Софија истакнува дека целосно ги поддржува наводите во извештаите на Европската комисија, како и принципите, евроинтеграцијата да се базира на сопствените заслуги, владеењето на правото и доброто економско управување.

– Задоволни сме и од значењето што им се дава на добрососедските односи и од високата оценка за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, се наведува во соопштението од бугарското МНР.

Препораките од извештаите на Европската комисија, Бугарија како претседавач ќе ги предложи како заклучоци за усвојување на Советот на ЕУ во јуни годинава.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он