Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

Од:

Вицепремиерот за климатски политики и министер за животна средина и води на Бугарија Борислав Сандов се сретна со амбасадорката на Албанија Доника Хоџа. Тие изразија задоволство од обновената можност за продлабочување на соработката меѓу двете земји, соопшти прес-центарот на Министерството за животна средина и води.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Борислав Сандов, Бугарија е подготвена да го поддржи усвојувањето на рамката за преговори за Албанија и одржувањето на првата меѓувладина конференција. Тој истакна дека водечки принцип за Бугарија е принципот на сопствените заслуги на секој кандидат.

Сандов ја потврди подготвеноста на бугарското Министерство за животна средина да го сподели своето искуство во транспонирањето и спроведувањето на европското законодавство за животна средина, како и да обезбеди експертска помош на албанската страна во претпристапниот процес, особено во поглавјето за животна средина.

Сандов ја потврди подготвеноста да оствари средба со албанската министерка за животна средина и туризам Мирела Кумбаро. Бугарскиот вицепремиер и министер за екологија во разговорот со албанската амбасадорка Доника Хоџа посочи дека процесот на проширување на Европската унија е главен стимул за промовирање на мирот, стабилноста и просперитетот во регионот на Западен Балкан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета