Бугарија формира тело за испитување случаи на корупција на официјални лица

Од:

Бугарија ќе формира тело кое ќе испитува случаи на корупција меѓу официјални лица, соопшти денеска Владата во Софија. Телото е формирано по критиките од ЕУ поради досегашниот ад-хок пристап за такви случаи.

Новото тело ќе разгледува пријави на приходи и имот како и евентуален судир на интереси за околу 6.000 официјални лица. Ќе бидат разгледани и евентуална корупција или други кривични дел извршени од поранешни официјални лица.

Според проценки на софискиот Центар за демократски студии во 2014 година корупцијата била најзачестена за изминатите 15 години. Според податоците од тој центар, во минатата година имало 158.000 случаи на давање мито месечно.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори