Бугарија е слабата алка во борбата против Исламска држава

Од:

Монд – Париз

Во кореспондеција меѓу граничниот премин Капитан Андреево и новинарот на францусиот весник „Монд“, Жан Флору, се разви тезата дека овој премин на бугарско-турската граница се претворил во нова фронтална линија во војната која ја води Западот против џихадистичките канали.

Откако беа засилени мерките за проверка и контрола на аеродромите, Бугарија стана копнен пат по кој најлесно се стигнува до Турција – последната етапа пред територијата на организацијата Исламска држава во Сирија. Автомобили, камиони и автобуси минуваат дење-ноќе по тој пат, кој се смета за најдобриот начин за дискретно напуштање на Европа, како од разузнавачките служби, така и од кандидатите за џихад.

Бугарија не е членка на Шенгенската зона, но и покрај тоа реално вложените напори од Софија во антиџихадистичката мрежа оставаат дупки. Според бугарското Министерство за надворешни работи „бројот на кандидатите за џихад нагло пораснал во 2013 година“. Стотици луѓе отишле во Сирија минувајќи преку земјата (Бугарија).

За да се затегне мрежата, бугарските разузнавачки служби го зголемија притисокот врз автобуските компании кои превезуваат европски кандидати за џихад, а кои често патуваат со своите семејства. Секојдневно, десетици автобуси тргнуваат од Софија за Истанбул.

– Кога полицијата апси луѓе во автобусите, тие често пати знаат кого бараат, ги имаат имињата и броевите на билетите, објаснува претсавник на автобуска фирма. Повеќето од нив дошле во Бугарија преку две фирми кои обслужуваат петнаесетина француски градови.

– Толку многу ги има, што може да се организира еден посебен автобус за Дамаск, вели со смеење возач од едната фирма пред да тргнеме на пат.

Царник од граничниот премин Капитан Андреево вели дека „ако другите држави не ни кажат ништо за своите граѓани, ако документите им се исправни, а однесувањето им е нормално, ништо не можеме да сториме“. – Се зависи од соработката чии правила се менуваат во зависност од земјите, објаснува тој.

Тоа го потврдува и заменикот-министерот за внатрешни работи, Филип Гунев, кој за „Монд“ објаснува: „ако сакаат да апсиме луѓе, Французите ќе треба да ни достават податоци, што не се случува секој пат“.

Многу лица се предмет на следење, но ја минуваат границата затоа што во досието не им пишува „тероризам“. Освен тоа, Софија смета дека случаите кои доаѓаат од Босна или Косово како кандидати за џихад, се слабо искористени и покрај моќта на платформата за размена на информации.

– Не случајно толку многу странци кои отишле во Сирија како борци потекнуваат од тие држави, смета Филип Гунев.

Тој не одрекува дека меѓу претставници на државната управа има различни мислења околу приоритетите.

– Премиерот работи за влегување на нашата земја во Шенген, но во Министерствто за надворешни работи, како и во полицијата и во разузнавањето, сметаме дека тоа напротив, би го влошило мигарцискиот притисок кој се случува на границата кон Турција, потенцира Гунев.

Само мешаницата која беше предизвикана со нападот врз француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ на 7 јануари, доведе до напредок во таа кревка европска антитерористичка соработка. Проверките при напуштањето на бугарската граница веќе се „навистина системски“ за странските граѓани, вели Гунев.

– Сега Французите еднострано ги даваат документите за осомничените лица, што овозожува да ги вратиме во Франција без целиот процес да минува низ судот, додава тој.

Таа процедура е олеснета со францускиот закон од ноември минатата година за забрана за напуштање на територијата, но е критикувана од невладините организации.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори