Будва: Митрополија сака да гради хотели и згради

Од:

Црногорско-приморската митрополија поднесе барање до Секретаријатот за просторно планирање на Будва, да им даде три адекватни места, во непосредна близина на црквата Свети Петка, за изградба на хотел и повеќекатни згради.

Како што објавија медиумите, на големото земјиште, кое е во сопственост на црквата, се наоѓаат пет парцели, единствени кои останаа слободни во тој дел на Будва.

На нив со актуелниот план е предвидена изградба за двокатни згради, но митрополијата побара да се дозволи градба на уште еден кат и тие објекти да се дефинираат како хотелски.

Митрополијата, која важи за најголем земјопоседник во Будва, веќе има изградено еден хотел „Подострог“ и комплекс од две станбени згради.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора