Бројот на жртвите во рударската несреќе во Турција се искачи на 232

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека бројот на загинатите во вчерашниот инцидент во рудникот во Сома се искачил на 232 лица.

Поради рударската несреќа Ердоган ја одложи денешната посета на Тирана.

Претходно, турското Обвинителство почна истрага за инцидент во рудникот во западна Турција. Обвинителството ќе ги испита и тврдењата за присуство на непријавени работници во рудникот.

Според обвинителот на Маниса, Дурду Кавак, причината за експлозијата во трафостаницата од каде почнал и пожарот во рудникот допрва претстои да биде анализирана.

Поради рударската несреќа во Турција е прогласена тридневна национална жалост.

Во меѓувреме турската полиција употреби солзавец против група демонстранти во Анкара, кои се собраа на протести обвинувајќи ја Владата дека е одговорна за рударската несреќа. На солзавецот демонстрантите возвратиле со камења кон полицајците.

Инцидентот се случил кога група од 700 до 800 луѓе се обиделе да организираат протестен марш од Универзитетскиот комплекс во Анкара до Министерството за енергетика, кое се наоѓа во истиот кварт.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски