Бројот на загинати во турскиот рудник во Сома достигна 282 луѓе

Од:

Турскиот министер за енергетика, Танер Јилдиз утрово изјави дека бројот на загинати рудари по експлозија во рудникот за јаглен во градот Соми на запад на Турција, изнесува 282.

Станува збор за најголема индустриска катастрофа во Турција, а се верува дека во рудникот се заробени уште повеќе од 100 рудари, пренесе „Франс прес“.

Најголемиот синдикат во Турција, Конфедерација на синдикати во јавниот сектор (КЕСК), повика на масовен штрајк поради несреќата во рудникот.

-Оние кои продолжуваат со приватизација, политика, кои ги загрозуваат животите на работниците со намалување на трошоците, се виновни за масакрот во Соми и тие мора да одговараат, пишува на сајтот на Кеск, кој што претставува околу 240.000 вработени, пренесе „Франс прес“.

Неколку илјади демонстранти вчера се судрија со полицијата во Анкара и Истанбул, обвинувајќи ги владата и рударската индустрија за несреќата.

Како што изјави управителот на рудникот Сома, Комур Ислетмелери до сега се спасени околу 450 рудари, но се уште не се знае која е причината за пожарот.

Инаку несреќата се случи во вторник, кога 787 рудари останаа заробени во рудникот, а се претпоставува дека до експлозија дошло поради неисправност на електричен трансформатор.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски