(ВИДЕО) Брнабиќ: Ова е почеток на крајот на коронавирусот

Од:

„Денеска е дефинитивно ден за насмевка. Конечно по 6 март, можеби за прв пат сега имаме причина да се насмееме. Ова претставува почеток на крајот на коронавирусот – изјави премиерката Ана Брнабиќ и додаде дека чувствува потреба да биде прва во Србија за да покаже со својот пример дека верува во вакцината и институциите.

Брнабиќ посочи дека договорот со претседателот Александар Вучиќ е во Србија да се примаат разни вакцини.

-Очекуваме што побрзо да добиеме вакцини од кинески производител, како и руски вакцини. Сигурна сум дека ќе ги имаме вакцините на Астра зенека и Модерна до крајот на првиот квартал, кажа Брнабиќ.

Премиерката Ана Брнабиќ во Институтот Торлак денес прими вакцина против ковид 19, со што и официјално во Србија започна вакцинацијата против коронавирус. Вакцината потоа ја прими министерката за труд Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон.

Покрај нив, денеска ќе бидат вакцинирани и првите граѓани, корисници на домовите за стари лица во Белград и Нови Сад, а од утре и во Ниш.

Освен корисниците на домовите за стари лица, вакцината во Србија први ќе ја примат и здравствени работници.

Во вторникот, 4.875 дози на вакцината Фајзер пристигнаа во Србија, а други 20.000 дози ќе пристигнат на почетокот на јануари, со што Србија е првата земја во регионот во која е пристигната вакцината на Фајзер, преку потпишан договор за 1,8 милиони дози, кои ќе пристигнуват квартално.

Наскоро се очекува да се даде дозвола за употребата и на вакцината Спутник V, како и на кинеската вакцина во Србија, со што се очекува за брзо време да се постигне потребната имунизација.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани