Брнабиќ: Наскоро интегрирани гранични премини на Србија со Северна Македонија, Албанија и БиХ

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска најави дека наскоро ќе биде отворен интегрираниот граничен премин со Северна Македонија, а вакви премини наскоро ќе бидат воспоставени и со Албанија и Босна и Херцеговина.

Брнабиќ ова го соопшти на денешниот состанок со преставници на Стопанската комора на Србија (ПКС).

На состанокот, претседателот на ПКС, Марко Чадеж кажа дека интегрираните гранични премини, каков што наскоро ќе биде воспоставен со Северна Македонија, значително ќе го олеснат непречениот проток на стоки кон и од Србија.

На крајот на јули, српскиот Парламент на предлог на Владата, го усвои законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Србија и Владата на Северна Македонија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај, Прешево-Табановце.

Српските медиуми, повикувајќи се на извори од Царината, најавија дека воспоставувањето заедничка контрола на овој граничен премин ќе започне на крајот на август или почетокот на септември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Фамелос: Ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија