Брнабиќ ја презема функцијата на Дачиќ, таа ќе го води Министерството за надворешни работи

Од:

Мандаторот за состав на новата Влада на Србија, Ана Брнабиќ, утре треба да ги преземе должностите на министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

Додека не бидат назначени нови министри, Брнабиќ ќе ја извршува таа функција, пренесуваат српските медиуми.

Примопредавањето е закажано во 13:30 часот во зградата на Владата на Србија.

Ивица Дачиќ е предложен за нов претседател на Собранието на Србија, а медиумите во земјата објавија дека генерален секретар на институцијата треба да биде Вељко Одаловиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски