Брнабиќ им се заблагодари на руските служби што ги споделиле информациите дека се подготвуваат немири

Од:

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека руските безбедносни служби имале информации за подготовка на немири во Србија.

Ана Брнабиќ потсети дека уште пред изборите предупреди дека дел од опозицијата ќе се обиде да ги оспори изборните резултати и да ја преземе власта во Србија со насилни средства, што кулминираше со вечерашниот напад на градското собрание на Белград.

Брнабиќ се заблагодари затоа што руските безбедносни служби ги споделија информациите до кои дошле со нивните српски колеги.

– Ова веројатно нема да биде популарно кај оние од Западот, но чувствувам дека е важно да застанеме во одбрана на Србија и да им се заблагодарам на руските безбедносни служби што ги имаа овие информации и ги споделија со нас – рече Брнабиќ.

Српските државни органи потоа ја споделија оваа информација со други претставници на меѓународната заедница, кои ја отфрлија како руска дезинформација.

– Сите останати велеа дека тоа е дистрибуција на лажни вести – изјави Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов