Британски тинејџер избоден во Турција затоа што бакнал млада Турчинка

Од:

Еден британски тинејџер е тешко повреден во турското одморалиште Мармарис, откако непознати напаѓачи неколкупати го избоделе со нож, затоа што бакнал млада Турчинка.

Двеин Ворд (17) е пронајден во еден парк, сосема гол. На неговото тело полицијата забележала десет рани од убод на нож во пределот од стомакот, градите, грбот и на грлото.

Тешко повредениот Британец е итно префрлен во локалната болница, а лекарите потврдија дека се бори за својот живот. Во кусото соопштение на болницата се вели само дека неговата здравствена состојба е критична.

Турската полиција отвори истрага за тешкиот инцидент, но засега не се знаат сите детали околу случајот кој ги вознемири бројните британски туристи кои летуваат во тој дел од Турција. Познато е само дека тој бил во еден од локалните барови, а сведоци велат дека бакнувал некоја млада турска девојка.

На летување дошол со својата мајка и братот, а во Мармарис бил само неколку дена. Мармарис е многу популарна дестинација за Британците кои масовно летуваат во ова одморалиште на турскиот егејски брег.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски