Брегу: По роамингот следува договор за признавање на дипломите на Балканот

Од:

По договорот за роамингот следуваат натамошни предизвици, односно договор за признавање на дипломите за одредени професии на Западен Балкан, изјави денеска во Белград, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу.

– Нас во РСС ни беше чест што бевме тие кои што го овозможија целиот процес, но исто така сме свесни дека ова е само почеток. Пред нас има уште доста работа, а следниот чекор е спогодбата за заемно признавање на стручните квалификации за докторите по медицина, стоматолозите, архитектите и инженерите, што треба да се потпише во јули годинава на самитот во Познањ, изјави Брегу, честитајќи го потпишувањето на договорот за постепено намалување се до укинување на роамингот меѓу земјите на Западен Балкан во 2021 година.

Со потпишување на регионалниот договор за роамингот, додаде, владите во регионот испратија јасна порака на посветеност на европските вредности и подготвеност да ги воведат на патот на интеграција во Европската Унија.

РСС, кој е еден вид оперативно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, го олеснуваше целиот три годишен процес на преговорите меѓу земјите од Балканот меѓу кои и Северна Македонија, со цел да се дојде до крајниот резултат, постепено целосно укинување на тарифите за мобилна комуникација.

Би можело да ве интересира

Брегу: Да почнеме со процесот на создавање на дигитален идентитет по примерот на ЕУ

А1он

Брегу: Пониски цени на роаминг меѓу Западен Балкан и ЕУ до 2024 година

А1он

РСС предупредува: Роамингот на Западен Балкан од 1 јули не се наплаќа, операторите и националните регулатори да се придржуваат до договорот

Катерина Павлова-Николовска

Западен Балкан од денеска без роаминг

Ана Ололовска

На плажа во Албанија и Црна Гора ќе се зборува како дома, се укинува роамингот во Западен Балкан

Жарко Настоски

Од 1 јули се укинува роамингот на Западен Балкан