Брегу: ЕУ никогаш нема да биде комплетна без Западен Балкан

Од:

Европската унија никогаш нема да биде компелтна без Западен Балкан“, но мора да ја замени „геополитиката“ со вистинска геополитика, рече генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, зборувајќи на ГЛОБСЕК форумот во Братислава, заедно со претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

-Европската унија мора да биде подготвена Западен Балкан навистина да го постави како свој геополитички приоритет и политичките судири на Западен Балкан да ги обликува како борба ЗА или ПРОТИВ Европа. Ваквиот пристап ќе помогне да се оддржи стабилноста и влијанието во сопствениот двор, оптоварен со проблеми, подвлече Брегу.

Зборувајќи на панелот „Западен Балкан – оддалечување од Европа“, Брегу потенцираше дека „Западен Балкан припаѓа на европскиот ланец на вредности и мора цврсто да остане на патот на демократијата, слободата, правата на поединецот и на оддржливиот развој“.

Таа додаде дека „долгото чекање на вратите на Европа во голема мерка веќе влијае врз регионот“ и дека ООН проценува дека до 2050 година Западен Балкан би можел да загуби 14 отсто од своето население, а посебно загрижувачки е одливот на висококвалификуваната работна сила, бидејќи во огромна мерка ја сочинуваат младите.

За да се промени тоа, а да се намалат негативните трендови, не е доволно задачите да се извршуваат само поради бирократски процеси и квантитативни мерења“, додаде Брегу.

ГЛОБСЕК форумот се одржува во Братислава по 14-ти пат и е еден од највлијателните безбедносни и стратегиски форуми на кој учествуваат политичари, тинк-тенк и бизнис елитата од цела Европа и цел свет.

РСС е еден вид извршно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа чиј основач и полноправен член е и Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ