Борисов: Подршка за ЕУ и НАТО, но и договор за добрососедство

Од:

Политиката на Бугарија кон Македонија останува непроменета и константна. Не еднаш сме изјавиле дека ја поддржуваме нејзината интеграција во Европската унија и НАТО, изјави денска бугарскиот премиер Бојко Борисов одговарајќи на прашање од пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин.

Тој потсети дека неколкупати изјавувале оти Бугарија е подготвена на Македонија да и даде еспертска помош за да успее да постигне напредок на патот кон членство во ЕУ и НАТО.

– Јасно кажавме и дека очекуваме Македонија да ги исполни сите критериуми и услови за членство во Унијата, вклучително и принципот на на добрососедство, рече Борисов.

Бугарија ќе продолжи да опстојува на неопходноста за потпишување договор за добрососедство, кој, како што посочи, останува основен приоритет.

– Нашиот став е дека договорот не значи никакви дополнителни барања кон Република Мкаедонија и оти ќе даде дополнителна правно-задолжителна сила на политичките договори постигнати со декларацијата на премиерите од 1999 година, рече Борисов.

Тој како позитивен пример ја наведе соработката на двете земји во рамки на програмата за прекугранична соработка, изразувајќи надеж дека таа ќе продолжи и во иднина.

Борисов рече дека очекува во наредните една до две недели да бидат одржани и средби на виско ниво меѓу претставници на двете земји.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори