Борисов поднесе оставка: Се откажува од пратеничката фотелја

Од:

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов и официјално нема да биде пратеник во 48. Народно собрание, јави бугарски „24 Часа“.

Тој поднесе оставка до Централната изборна комисија (ЦИК), со што се откажува од пратеничката фотелја. Оставката е одобрена од ЦИК. Бојко Борисов е избран за претставник од два региона – Софија и Пловдив.

Борисов претходно се откажа од пратеничкото место и по изборите во ноември 2021 година, како и во претходните два парламента.

Два дена по изборите во Бугарија, Бојко Борисов даде изјава за медиумите и кажа дека не сака да биде ниту министер, ниту пратеник или премиер.

Борисов кажа дека бил подготвен на компромиси и отстапки во име на народот.

„Не сакам да сум министер, пратеник или премиер. Мојата морална победа е врв на тоа што сакав да се случи. ГЕРБ е прва политичка сила. Ќе ги поканам останатите лидери за да разговараме“, претходно кажа Борисов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит