Борисов нема да ја предводи новата бугарска влада

Од:

Бојко Борисов денеска им кажал на новинарите дека неговата партија нема да го предложи него за мандатар на новата бугарска влада, најавувајќи дека ќе биде предложен политичар со проевропска и про-Нато ориентација.

„Звучи нескромно, но нема поподготвен од мене. Не случајно ние сме првата политичка сила. Многу луѓе сакаат да бидам јас, но јас отсекогаш верував дека единството прави сила. Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет, што ќе го предложи ГЕРБ. Ќе биде номиниран друг кандидат“, изјави Бојко Борисов.

„Не е правилно за мене како Радев да одам и да ја поделам нацијата на два дела. Ќе номинирам друг премиер со европска, НАТО-ориентација“, рече Борисов.

„Имаме една недела според Уставот да формираме кабинет“, продолжи тој.

Ќе останат и стари министри, ќе има и нови“, додаде тој и одби да одговори на повеќе прашања на темата.

Тој повика на одговорност на другите партии во парламентот.

На прашањето дали предлогот за премиер ќе биде Томислав Дончев, Борисов одговори: „Не, тој не го заслужува тоа. Го добивме мандатот, ќе го сфатиме многу сериозно“, рече Борисов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит