Борисов го врати мандатот за нова влада, Бугарија оди кон вонредни избори

Од:

Бугарскиот премиер  во заминување и лидер на најголемата парламентарна партија, Бојко Борисов, денеска на претседателот на земјата Росен Плевнелиев му го врати мандатот за формирање нова влада, со што се отвора пат кон оддржување вонредни парламентарни избори, веќе следната пролет, јави Танјуг.

Борисов во октомври поднесе оставка на премиерската функција, откако кандидатката на неговата партија, ГЕРБ, загуби на претседателските избори од прорускиот кандидат и поранешен генерал Румен Радев.

Со оваа негова одлука се навестува политичка нестабилност во земјата, каде ниту една партија во моментов не може да формира влада без поддршка од партијата ГЕРБ.

– Нема да предложам формирање нова влада и ќе го вратам мандатот, рече Борисов, заминувајќи од церемонијата во кабинетот на претседателот во заминување Росен Плевнелиев, пренесоа француските медиуми.

Според бугарскиот Устав, претседателот следната недела мандатот ќе и го даде на втората најголема партија – Социјалистичката партија, која веќе најави дека, исто така, ќе го врати мандатот за да се оддржат избори.

-Отворен е патот кон предвремени избори, смета аналитичарот Димитар Ганев и додава дека оставката на Борисов претставува тактички потег за неговата партија ГЕРБ да ја заддржи водечката позиција.

Новоизбраниот претседател Радев, кој ја има поддршката на социјалистите, должноста ќе ја преземе на 22 јануари, кога ќе биде можно и распуштање на Парламентот и закажување предвремени парламентарни избори, што најрано можат да се оддржат во март.

Тоа значи дека Плевнелиев ќе мора да именува преодна администрација, што ќе биде петта влада во Бугарија за помалку од четири години.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори