Борисов: ЕУ е најдоброто место за живеење во светот

Од:

Премиерот во оставка на Бугарија, Бојко Борисов на Фејсбук напиша дека „Бугарија го дели Денот на Европа со сите наши пријатели од Европската унија, со кои продолжува да ја развива и гради идејата за европско обединување, која потекнува пред 71 година“.

Борисов напиша дека Европската унија е најдоброто место за живеење во светот и дека е горд што Бугарија има се повеќе значаен удел во вкупните европски достигнувања.

„Во последниве години, вложивме големи напори за да ја направиме нашата земја достојна и активна членка на ЕУ. Наша должност е како дел од обединета Европа да ја развиваме својата сила заснована на мир, слобода и солидарност, напиша Борисов.

Благодарение на солидарноста, според него, Европската унија е на пат да ја испрати пандемијата на Ковид-19 во историјата.

„На почетокот на минатата година, Бугарија успеа брзо да го реорганизира своето производство за да може да започне со производство на заштитна опрема, обезбедувајќи ги своите потреби и нудејќи поддршка и на другите земји. Оваа година очекуваме вкупно 14 милиони дози вакцини против Ковид-19, доволно за да се имунизираат сите бугарски граѓани“, рече Борисов.

Според него, Бугарија ќе добие милијарди лева (половина милион евра) според Планот за обновување и одржливост на ЕУ, што ќе биде од голема корист за отстранување на штетите од глобалната криза и развојот на земјата.

Тој посочи дека денеска се одбележува и 76-годишнината од победата над нацизмот.

„Се сеќаваме на предупредувањето за историјата – дека политичарите на власт можат да ги водат општествата и кон нивниот подем и кон универзални трагедии“, додаде Борисов.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески