Борхарт и Кучи: Заплашувањето сведоци на Косово зема замав

Од:

Шефот на ЕУЛЕКС Бернд Борхарт и косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи денеска оценија дека заплашувањето сведоци на Косово земало замав и оти за тоа не треба на ниту еден начин да придонесуваат и новинарите.

Во отворено писмо на Борхарт и Кучи се наведува дека лицата кои донеле важна одлука да сведочат и да овозможат спроведување на правдата, треба да бидат пофалени, наместо јавно заплашувани поради својата храброст.

Заплашувањето на сведоците не се извршува само преку испраќање директни закани кон некоја личност.

На Косово само објавата поврзана со моралот на оној кој дава исказ е доволна причина сведокот да биде заплашен и да одбие да сведочи од страв за својот живот, нагласуваат двајцата претставници.

Тие сметаат дека наместо информации за сведоците, новинарите треба да им дадат приоритет на судските процеси, пренесува Танјуг.

– Правниот систем во Косово, како и другите правни системи, зависи од исказите на сведоците. Тие по сопствена природа се ранливи и многу често плашливи личности. Во интерес на јавноста е да му се обезбеди на секој сведок да го изнесе својот исказ, стои во отвореното писмо на Борхарт и Кучи.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот