Болна празнина во предизборните слогани

Од:

Иако кампањата за претседателските избори се уште официјално не е почната и актуелниот претседател Иво Јосиповиќ и главната опозициска кандидатка за Пантовчак, Колинда Грабар Китаровиќ, веќе со месеци се во мисија за освојување на симпатиите кај гласачите, со флоскули.

Тешко е да се процени кој во кампањата ќе се служи со празни фрази, актуелниот претседател кој ете, во петтата година од мандатот се сети на ситницата која се вика Устав на РХ или пак кандидатката од ХДЗ, чиј слоган За подобра Хрватска, отприлика еднакво конкретен како За среќни деца или Против невработеноста и сиромаштијата. Попатно, се работи за тип на фрази кои во англискиот јазик се викаат truism, тврдења кои се очигледни до таа мерка што всушност не вреди ни да се спомнат.

Со оглед на тоа дека се работи за политичар чии ставови пред се се дефинирани од профил на публика која го слуша во одреден момент, Јосиповиќ во кампањата тргна со речиси конкретен фокус на измените на Уставот. Додуша и површна анализа упатува на тоа дека се работи за мачкање на очи, бидејќи ако Јосиповиќ чија лага на јавноста со никогаш дочеканата Нова праведност, не е лесно да се заборави, е одговорен државник каков се обидува да се претстави, не смее да ја меша предизборната кампања со сериозна работа како што е измена на Уставот. Се работи за проект од општ државен интерес кој бара консензус на политичките сили и пошироката јавност и не смее да биде сведен на предизборен трик. Уставот на РХ е највисок правен акт во Република Хрватска и заслужува подобар третман од користење во предизборна трка, а кога тоа го прави претседател на држава кој во свечен момент се заколна на верност на Уставот, тогаш целата приказна станува посебно одбојна. Понатаму, тешко е да се замисли дека слоганот на Јосиповиќ Уставот е темел на државноста, ќе предизвика еуфорија кај просечниот хрватски гласач, па претседателската кампања е промашена дури и во таа смисла.

Од друга страна, неговата соперничка Колинда Грабар Китаровиќ и нејзиниот предизборен тим се уште, ни по неколку месеци од кампањата, не успеаја да смислат ништо повеќе освен општата флоскула за тоа дека ќе се залагаат За подобра Хрватска.

Интересно е да се забележи дека Подобра Хрватска може да има многу, многу различни значења, зависно од тоа кој како ја толкува таа фраза. Така на пример, на некои Подобра Хрватска веројатно би значела забрана за црвената ѕвезда петокрака, законска забрана на абортус, воведување на вербален деликт во вид на забрана на критики на ликот и делото на Фрањо Туѓман и секако укинување на било што, што би можело да потсетува на истополни бракови. Подобра Хрватска може да биде и таа во која постојат повластени класи во општеството, зависно од нивото на перципираното хрватство, на чии членови е дозволено она што не е на останатите членови на општеството.

На некој друг Подобра Хрватска би значело, за почеток, Влада во која нема да седат партиски полтрони чија единствена вистинска стручност се крие во смислувањето на изговори за сопственото неработење и неспособност. Можеби некој Подобра Хрватска ја замислува како земја чие гласачко тело има доволно самопочитување и самосвест, за идна власт да НЕ избере партија која е неправосилно осудена за извлекување на десетици милиони куни од џебовите на даночните обврзници.

Во тоа и е магијата на празните флоскули како За подобра Хрватска и Уставот е темел на државноста. Воопшто немаат содржина и ама баш секој може да ги толкува како сака. Помали даноци? Може. Поголеми даноци? Може. Лустрација? Може. Правата на малцинствата? Може. Рехабилитација на генералот политичар? Може. Измени на Уставот? Може.

Се се може, само дајте им ги гласовите и поставете ги на пет години во вилата на Пантовчак, каде ќе бидат опкружени со стотици скапо платени советници (читај пријатели и роднини). И не се оптоварувајте премногу со размислување за нивните пораки, бидејќи во такво силно мозгање можете да заклучите дека ваквата демократија не е вредна да се излезе на избори.

Т-портал – Загреб

 

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик