Бојко Борисов: Ќе го вратам мандатот за состав на нова Влада на Бугарија

Од:

Поранешниот бугарски премиер и лидер на конзервативната партија Граѓани за европски разввој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов најави дека ќе го врати мандатот за состав на нова влада, што треба да му биде доделен утре, без да предложи кандидати за нови министри до Парламентот.

Како што јави БТА, Борисов најави дека утре ќе го прифати мандатот за состав на нова влада од бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, по што веднаш ќе го врати.

– Ќе помине само малку време, околку половина час, до врачувањето на мандатот на следната политичка сили, изјави Борисов.

Тој нагласи дека се рашил на таков чекор од причина што „веќе се гледа формирањето на нова тројна коалиција“ меѓу Бугарската социјалистичка партија (БСП), турското Движење за права и слободи (ДПС) и националистичката партија Атака.

ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија на 12 мај, но не освои доволно мандати за сама да формира влада, а ниту една од другите три парламентарни партии не сака да коалицира со неа.

Од друга страна БСП и партијата на бугарските Турци ДПС заедно имаат 120 пратеници или еден помалку од потребните за парламентарно мнозинство.

Аналитичарите оценуваат дека БСП и ДПС би можеле да најдат еден пратеник од редовите на ГЕРБ или на Атака, кој би ја подржал нивната коалициска влада.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори