Богатите Грци во иднина ќе треба да плаќаат за полициско обезбедување

Од:

Богатите Грци, кои стравуваат од напади на анархистички групи повеќе нема да имаат право на бесплатна полициско обезбедување, предвидува најновиот владин план за намалување на трошоците со цел за постигнување на буџетските цели поставени од меѓународните кредитори.

Министерството за јавен ред денеска соопшти дека лицата со нето приход над 100.000 евра годишно ќе треба да плаќаат за сопствена полициска заштита од потенцијални напади на криминалци или терористи.

Планот предвидува тие да плаќаат по 2.000 евра месечно за секој полициски службеник и дневен надомест од 50 евра за користење на патролно возило.

Се очекува новиот систем на платено обезбедување да биде потпишан од министерот за финансии. Сепак, ова нема да се однесува на официјални претставници на државни функции, судии или директори од државниот сектор.

Меѓу приватните корисници на бесплатно полициско обезбедување се бизнисмени и новинари, кои биле заплашувани од анархистички групи.

Ова е последната од серијата мерки за штедење што грчката Влада треба да ги спроведе во замена за меѓународна финансиска помош, потребна да избегне банкрот.

Сепак, намалувањето на трошоците и зголемувањето на даноците имаше негативен ефект на грчката економија. Земјата веќе шеста година се наоѓа во рецесија, а стапката на невработеност надминува 25 отсто.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески