Блокиран имотот на наркобосот Келменди во Сараево

Од:

Судот на Босна и Хeрцеговина блокира седум недвижни имоти на балканскиот наркобос Насер Келменди.

Меѓу запленетиот имот е и познатиот хотел „Каза Гранде” на Илиџа. Со одлука на судот запленети му се и два стана во Сараево и четири куќи со парцели кои се наоѓаат во сараевските населби Храсница и Бутмир, јави косовската телевизија, повикувајќи се на сараевски медиуми.

Босанското обвинителство го товари Келменди за главен водач на криминална група која се занимавала со трговија на дрога и убиства.

Врз основа на потерницата издадена од Интерпол минатата година, Келменди косовската полиција го уапси во Приштина на 5 мај и по два дена основниот суд му изрече едномесечна мерка притвор.

Келменди се смета за шеф на трговијата со дрога на Балканот и Европа, а од минатата година се наоѓа на американската „црна листа“ за учество во една од најголемите организации за шверц на кокаин и хероин во светот.

Келменди по потекло е од Косово со пасош на Босна и Херцеговина. Неговите криминални активности се протегаат низ целиот Балкан, па и во Македонија.

Со месеци беше баран од босанската и црногорската полиција. Заедно со синовите и браќата има неколкухотели и транспортни компании во Босна, Црна Гора, Србија и Косово.

Во голема операција што босанската полиција ја спроведе кон средината на септември лани за апсење на лица кои се занимаваат со организиран криминал, притворени беа 25 лица, но иако главна цел бил Келменди тој успеал да побегне. Веднаш потоа косовските медиуми тврдеа дека тој се крие во родниот Пеќ.

Келменди во изјави за медиуми во регионов негирал негова вклученост во криминали со нелегална трговија. Пред да биде уапсен во Приштина, претходно се шпекулираше дека се крие во Дубаи.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе