Блок од Тирана: Во ЕУ кога ќе имате конкретни резултати против криминалот и корупцијата

Од:

Холандија е посветена на европската перспектива но врз основа на видлив и конкретен напредок. Во ЕУ кога ќе имате конкретни резултати во борбата против криминалот и корупцијата.

Оваа порака неколкупати ја повтори шефот на холандската дипломатија, Стеф Блок, по средбата во Тирана со министерот за Европа и надворешни работи Дитмир Бушти.

-Ние сме посветени на европската перспектива, врз основа на видлив и конкретен напредок. Тоа е истата порака што им ја давам на земјите аспиранти. Логично е дека ги користам истите критериуми за државите аспранти за ЕУ. Многу сме посветени да и помогнеме на Албанија да напредува. Сакаме секоја земја аспирантка да постигне што повеќе,-рече тој.

Холандскиот министер, исто така,побара да се обесхрабри емиграцијата во земјата и ја нагласи борбата против организираниот криминал и корупцијата.

-Важно е да се задржи фокусот на консолидирање на дополнителни реформи за да се одржи фокусот на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Треба да се обесхрабрат луѓето да емигрираат во азил. Нивните напори ќе бидат залудни. Работиме заедно во борба против оваа појава-посочи Блок.

Бушати,кој премиерот Рама одлучи да го опфати со темелната реконструкција,но поради несогласувањето на претседателот Мета да потпише уредба за друг министер, сеуште е на оваа функција,претходно ги откажа сите договорени посети и учество на собири.

Би можело да ве интересира

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он