Близнашки: На Бугарија и е потребна силна влада за спроведување радикални реформи

Од:

Бугарија има потреба од силна влада по парламентарните избори в недела, која ќе спроведе радикални реформи, со цел да ја извадат земјата од посткомунистичката кал, изјави вршителот на должност премиер Георги Близнашки.

– Имаме потреба од брзи, радикални реформи. Едноставно изгубивме повеќе од една година. Затоа ни треба силна политичка влада, која ќе ги почне долого пролонгираните реформи, истакна Близнашки.

Бугарскиот в.д. премиер изрази оптимизам дека до 20 октомври да биде формирана новата бугарска влада.

Тој наведе и дека Бугарија ќе се приклучи на санкциите кон Русија, додавајќи оти се надева на брзо нормализирање на односите меѓу Русија и Западот.

– Лично сметам дека брзо нормализирање на односите меѓу Русија и Западот ќе биде добро за сите, рече Близнашки.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори