Bild: Хрватска – идните гробишта за германските милијарди

Од:

Над Хрватска, земја со 4,5 милиони жители и невработеност од 15,9 степени, што се соочува со пад на индустријата и има итна потреба од странски капитал, надвиснуваат црни облаци, пишува германскиот весник „Билд“.

Хрватските медиуми наведуваат дека весникот со најголем тираж во Германија го „поздравил“ хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во Лајпциг со зборовите дека Хрватска е микс од „растечки долг, корупција и голема невработеност“, како и дека земјата ќе биде „идните гробишта за германските милијарди“.

– Хрватска влегува во ЕУ на 1 јули. Ќе се претвори и оваа земја во гробишта за еврата на нашите даночни обврзници, пишува весникот „Билд“.

Весникот наведува дека Милановиќ како премиер на идната 28-ма земја членка на Европската унија вчера учествувал на самитот во Брисел, нагласувајќи дека се јавува прашањето дали ЕУ ќе има некаква придобивка од оваа балканска земја.

Високиот долг, големата невработеност и уште поголемата корупција, дали влегува во ЕУ уште еден Кипар, уште една Грција, прашува „Билд“, наведувајќи дека Брисел веќе платил една милијарда евра предпристапни средства на Владата во Загреб. Хрватите се надеваат дека годишно од касата на ЕУ ќе добиваат најмалку три милијарди евра, наведува весникот „Билд“.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик