БиХ ги отвори границите за граѓаните на Србија

Од:

Босна и Херцеговина донесе одлука да се отворат граничните премини за граѓаните на Србија, изјави денеска заменичката на претседателот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ, во телефонски разговор со првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

Турковиќ го извести Дачиќ дека Босна и Херцеговина на 28 мај донела одлука да се отворат граничните премини за граѓаните на Република Србија и двете страни изразија големо задоволство што е овозможен вообичаен граничен сообраќај меѓу двете држави, соопшти српското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски