Без договор за висината на минималната плата во Бугарија

Од:

На денешната седница на Националниот совет за трипартитна соработка, социјалните партнери не успеаја да постигнат договор за висината на минималната плата во Бугарија, соопшти бугарскиот министер за труд и социјална политика Ивајло Калфин по состанокот.

Како што јави БТА, седницата на Советот се одржа по одлуката на Врховниот администратвен совет за укинување на решението на бугарската Влада од декември минатата година, со кое се превидуваше минималната плата во Бугарија од 1 јануари годинава да изнесува 360 лева (184 евра), а од 1 јули да се зголеми на 380 лева (194 евра).

Ваквата своја одлука Судот ја образложи со ставот дека владиното решение не било донесено во согласност со консултантските процедури на Националниот совет за трипартитна соработка.

Клафин на почетокот на заседанието на Советот најави дека бугарската Влада останува на својот став околу висината на минималната плата и дека ја разгледува можноста за обжалување на одлуката на Административниот суд.

Меѓутоа, со владината одлука за зголемување на платата не се согласуваа Асоцијацијата на индустрискиот капитал во Бугарија. Според претседателот на Асоцијацијата, Васил Велев минимална плата од 380 лева не е во согласност со капацитетите на бугарската економија во моментов.

Според Велев, неприфатливо е зголемување на висината на минималната плата за 12 проценти, во услови на раст на бугарскиот бруто домашен производ од 1,4 отсто и очекувана дефлација на годишно ниво од 0,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори