Бериша: Aлбанско државјанство за странци за инвестиција од над 200.000 долари

Од:

Секој кој во Албанија ќе инвестира над 200.000 долари ќе добие државјанство на оваа земја, се наведува во предлог-законот усвоен од страна на Владата, јави дописникот на МИА од Тирана.

– Тоа е практика и во други земји. Пред еден месец одлучи Бугарија, ваков закон има и Унгарија и Црна Гора, а во ваква или друга форма вакви закони имаат и други земји, изјави премиерот Сали Бериша.

Според него, овој закон не ги опфаќа етничките Албанци, зашто за нив ќе има посебен закон. – Произлегува, додал тој, како да им продаваме државјанство на Албанците, тоа никогаш не може да се случи бидејќи тие природно имаат албанско државјанство.

Тој упатил апел до опозицијата што побрзо да се донесе закон за давање државјанство на сите Албанци каде и да се.

Коментирајќи ги реакциите во соседните држави, но и на меѓународната заедница, околу ова прашање тој нагласил дека Албанија нема територијални претензии кон ниту еден од соседите, но додал дека поради ова соседите требало да се ослободат од албанофобијата.

Додавајќи дека ова не е никаков политички маркетинг, тој навел дека вакви закони имаат Хрватска, за сите Хрвати на Балканот и во светот, Бугарија и Македонија и сите во регионот.

– Не се малку оние албански државјани кои добија македонско државјтнство и земаа македонски пасоши по визната либерализација. Грчки пасоши имаат и припадниците на грчкото малцинство и тоа за Албанија не е никаков проблем, рекол Бериша.

Според него, цртањето на граници во ова време не е во интерес на Албанците, но никој не може да негира дека Албанците живеат во пет држави.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија