Бендо: Земјите кои не се пријателски расположени кон Албанија користат дезинформации и кибер напади за шпионски цели

Од:

Првиот човек на албанската разузнавачката служба, ШИШ, Хелидон Бендо изјавил дека земјите кои не се пријателски расположени кон Албанија користат класични и хибридни активности за да ги постигнат своите цели, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Во шпионските активности користат комбинација на затворени и отворени методи, конвенционални (класични) и неконвенционални, кои вклучуваат пропаганда, дезинформации, кибер напади, собирање чувствителни информации преку компјутерските мрежи, за цели на кибер шпионажа, за да извршат активности-операции со информативно и психолошко влијание, рекол Бендо на седница на парламентарната комисија за национална безбедност во врска со активностите на службата во текот на минатата година.

Во однос на состојбата во регионот во текот на 2021 година, албанскот прв разузнувач оценил дека се карактеризира со кревки внатрешно-политички случувања, кои „доведоа до нестабилност на владеењето во некои земји“.

– Меѓудржавните спорови ги користат трети земји за да ја одржат дестабилизирана ситуацијата во регионот, со цел да ги попречат или одложат интегративните процеси во ЕУ и НАТО на одредени земји од регионот, констатирал Бендо.

Според него, службата ја продолжува и ја проширува соработката со партнерските служби, додавајќи дека ќе продолжи да се спротивставува на активностите и разузнавачките активности, насочени од разузнавачките и безбедносните служби на непријателските земји, против интересите на Албанија и НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов