Белите мантили „бегаат“ од Косово

Од:

Официјаната статистика на Министертвото за здравство потврдува дека најмалку 400 лекари и средномедициски кадар го напуштиле Косово и според нивната професија работат во некоја од западно европските земји.

-Од министертвото потврдуваат дека интересот на белите мантили да работат надвор од Косово е во постојан раст. Поголемиот процент од средномедицискиот кадар работат во Германија и тоа во јавни здравствени институции, пишува приштинскиот весник „Експрес“.

Главна причина за напуштањето на Косово е малата плата.

Косовскиот заменик министер за здравство, Изет Садику, за радио Косово изјави дека моментално во земјите на ЕУ има голем број косовски здравствени работници. Но, како што вели, се надева дека тие повотрно ќе се вратат и добиеното искусто ќе го применуваат во Косово.

Деновиве во Косово беше инаугурирана германско–косовската програма за образование и кариера, организирана од „Qeap-Heimerer”,која нуди вработување за 250 млади средонемдициски кадри од Косово во Германија.

Оваа програма за министерот за труд и социјална благосотојба, Арбан Абраши, е добар имиџ за Косово. Според него, овој пат Косовците не заминуваат како азиланти, туку како здравствени професионалци.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски