Баша: Ветинг во политиката во интерес на Албанците, нека почне од мене

Од:

Албанската опозициска, Демократска партија, предлага ветинг во политиката, што според лидерот Љуљзим Баша, е многу значаен процес за да се „отстранат од политиката корумпираните и инволвираните луѓе во светот на киминалот“.

-Во интерес на сите Албанци, на социјалисти и демократи е политиката да се исчисти од тињата на транзицијата, од луѓе, кои овие 30 години, и покрај политичкото лого што го чуваа, понекогаш го менуваа, понекогаш излегуваа со нови логоа, ја искористија политиката за да се збогатат илегално и што е најлошо, тие донесоа тиња во општеството, организиран криминал, објави Баша на Твитер.

Обвинува дека тие ја уништиле конкуренцијата на пазарот што е темел на економскиот развој и вработувањето, правејќи моќници од грст луѓе, само затоа што со „нив делат услуги, привилегии, моќ и пари, на сметка на стотици илјади чесни претприемачи“.

Лидерот на демократите рече дека е подготвен прво самиот да оди на ветинг.

-Јас ќе бидам првиот. Треба да бидат опфатени еден по еден сите пратеници, градоначалници, министери, премиерот, шефот на државата, раководители на институции и установи, во однос на нивната поврзаност со организиран криминал, нивниот имот и членовите на нивните семејства и нивните ортаци, додава Баша.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија