Басеску: Романија никогаш нема да ја прифати теоријата на колективни права

Од:

Романскиот претседател Трајан Басеску за време на посетата на Братислава изјави дека Романија никогаш нема да ја прифати теоријата на колективни права за малцинствата или некој од надвор да кажува како треба земјата да се организира административно.

Басеску се наоѓа во официјална дводневна посета на Словачка, која исто како и Романија има значитечно етничко унгарско малцинство.

Односите меѓу Романија и Унгарија се заострија на почетокот на месецот откако лидерот на унгарските националисти Габор Вона изјави во Романија, дека неговата партија Јобик ќе се бори за заштита на правата и интересите на Унгарците во Трансилванија, дури и ако тоа значи конфликт со Романија.

– Ние никогаш нема да ја примиме теоријата на колективни права и нема да прифатиме некој надвор од Романија да ни кажува како треба земјата да се организира административно, изјави романскиот претседател на заедничка прес-конференција со словачкиот колега Иван Гашпарович.

Басеску, исто така, нагласи дека словачкото малцинство во Романија е добро интегрирано и составено од „вредни луѓе“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет