Басеску го номинира Понта за премиер на Романија

Од:

На денешните полчасовни консултации со парламентарните партии романскиот претседател Трајан Басеску го номинира претседателот на Социјалдемократската партија Виктор Понта за премиер на земјата, соопштија романските медиуми.

Според извори кои учествувале на средбата, Понта бил единствениот предлог понуден на консултациите, соопшти Аџерпрес.

Освен од социјалдемократите, неговата кандидатура, исто така, била поддржана и од Национално-либералната партија, Конзервативната партија, Националниот сојуз за прогрес на Романија и од групата на националните малцинства.

Демократско-либералната партија, Граѓанска сила, Демократскиот сојуз на Унгарци во Романија и Партијата на народот – Дан Даконеску не понудиле свои предлози за премиер.

Социјал-либералниот сојуз, што ги обединува социјалдемократите, либералите и конзервативците, освои околу 60 проценти од гласовите на парламентарните избори на 9 декември, но прашањето за номинацијата на премиер стоеше отворено, затоа што Басеску повеќе пати имаше изјавено дека никогаш повеќе нема да му ја предложи премиерската функција на Понта.

Во текот на летото владата, предводена од Понта, имаше неуспешен обид да го отстрани Басеску од должноста.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет