Басеску ги повика Романците да го бојкотираат утрешниот референдум

Од:

Времено отстранетиот романски претседател Трајан Басеску синоќа повторно ги повика граѓаните да го бојкотираат референдумот кој ќе се одржи утре и на кој ќе се одлучи дали тој ќе се врати на функцијата или ќе биде конечно отстранет.

„Ги повикувам Романците да не учествуваат на овој референдум, зад кој некои неодговорни политичари се обидуваат да прикријат преврат“, изјави Басеску во последната ноќ од предизборната кампања.

Резултатот од референдумот ќе биде валиден само ако на гласање излезат 50 проценти плус еден од граѓаните со право на глас.

Басеску повторно ја нагласи опасноста дека владејачкиот Социјал-либерален сојуз ќе се обиде да направи изборна измама, наведувајќи ги како доказ продолжениот изборен ден (од седум до 23 часот), нејасните избирачки списоци и одлуката на Владата да отвори дополнителни избирачки места во ресторани, барови и хотели.

Од своја страна времениот вршител на должност шеф на државата Крин Антонеску ги повика граѓаните да излезат на гласање, бидејќи тоа е нивно фундаментално право, изразувајќи увереност дека со референдумот ќе се докаже уште веднаш дека Романија е целосно демократска земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет